
Минатата година останува забележана по нејзиниот голем хит за кој направи и видео запис, песната “Една е Македонија” од младата битолчанка Џесика Палашоска. Таа е презадоволна од оваа песна, со оглед на фактот е доста барана и пеана надвор од нашата земја.
-“Една е Македонија” мислам дека е песна која што ме одбележува не само мене туку и мојата кариера. Многу сум задоволна не само од спотот туку и прифатеноста од публиката. Веќе ја пејам и на моите настапи, барана ми е доста. Задоволна сум од тоа како е прифатена од публиката, вели Џесика.

Џесика неодамна во студиото на ИН продукција ја промовираше нејзината нова песна која носи наслов “Дојде денот”, свадбарска песна во која како што вели таа ќе се пронајдат многу девојки.
-Тоа е една моја драга песна. Се вика “Дојде денот”, една убава свадбарска песна за сите девојки, која мислам дека ќе се пронајдат, особено оние кои се подготвени за свадба, вели Џесика.
За следниов период таа најавува нова песна и видео запис.
