Џељо Дестановски поканет на фестивал за зурли во Турција

Please follow and like us:
Pin Share

Шест години е дел од Ансамблот за народни игри и песни на Македонија, Националната установа “Танец”. Со оглед на тоа што е најбараниот зурлаџија во нашата земја, Џељо Дестановски открива дека добил покана за настап на еден од најдобрите фестивали за зурли кој ќе се одржи во Турција, во месец септември.

Зурлаџијата Џељо Дестановски скоро шест години е дел од Националната установа “Танец”, Ансамбл за народни игри и песни на Македонија. Џељо при гостувањето во ИН Продукција открива дека задоволството да се работи со таков професионален тим е големо.

-Јас сум презадоволен, затоа што ми беше животна желба. Сепак сите знаеме дека многу е тешко таму да се влезе, пред се треба да си квалитетен, по новите стандарди мора да си музички школуван со музичка академија. Немав конкуренција, тоа беше најбитното нешто и за мене еден плус.-истакна Дестановски.

За месец септември, младиот зурлаџија најавува учество на фестивал за зурли во Турција, додавајќи дека ќе се потруди да ја претстави Македонија во најдобро светло.

-Тоа е еден од најјаките фестивали, бидејќи таму одат само најдобрите зурлаџии. Јас сум одбран како најдобар зураџија од Македонија да ја претставувам нашата земја. Таа шанса неможев да ја пропуштам, затоа што навистина кога ќе ти се јават некои да те пофалат, нормално дека таква прилика нема да се одбие. Па се надеваме дека ќе ја претставиме Македонија во вистински светло.-додава тој.

Инаку, Џељо потекнува од музичка фамилија, а покрај зурла, го негува и традиционалниот македонски инструмент, кавал.

Please follow and like us:
Pin Share