Гоца Тржан не крие дека и таа била жртва на физичко насилство. Таа во повеќе наврати апелирала дека треба да се стави крај врз насилството на жените. Тржан проговори за случајот на пејачката Наташа Беквалац.

Поп пејачката Гоца Тржан никогаш не криела дека во една љубовна врска трпела физичко насилство. Повеќепати во јавноста апелирала да се сопре насилството врз жените, а сега проговори и во врска со случајот на Наташа Беквалац.
„Без патетични желби да соберам лајкови за насилството над жените, бидејќи не сакам да и додавам сол на раната на жртвата, секогаш најмногу ме разочарува тоа што жената на жената е најголем волк и најлоша инквизација!“-напиша Тржан на својот Твитер профил.

За потсетување, Лука во ноќта меѓу петокот и саботата стигнал во алкохолизирана состојба, а откако Наташа ги видела љубовните пораки кои ги пишувал со друга жена на неговиот телефон, дошло до расправија. Потоа, Лука на пејачката и нанел неколку повреди на главата и окото. Беквалац веднаш се упатила кон Ургентниот центар, кој го посетила уште неколку пати бидејќи имала потрес на мозокот. Случајот го пријавила во полиција, а на Лука му е изречена мерка за забрана за приближување на Наташа Беквалац.
