Борис Димов со импресии од настапите во странство

Please follow and like us:
Pin Share

Чувството да се настапува пред нашинците кои живеат надвор од Македонија е прекрасно. Ова го истакна Борис Димов, при неодамнешното интервју за ИН Продукција. Тој вели дека тие настапи за нив се големо задоволство, бидејќи преку македонската музика им ја носат топлината од нашата земја.

Познатата двојка Билјана и Борис Димови покрај големиот број ангажмани во Македонија, често настапуваат и надвор од земјава. Борис при интервју за ИН Продукција истакна дека е прекрасно да се настапува пред нашинците и дека за нив е големо задоволство како музичари да им ја пренесуваат топлината од родната земја.

-Убаво е да се настапува надвор од Македонија, да ги посетиме нашите сограѓани да видиме како живеат таму. Да им однесеме топлина од овде, едноставно со позитивност, искреност спрема нив. Секојпат сме биле пречекани добро и квалитетно од нивна страна, дружбата ни останува за навек, бидејќи моментите кои ќе ги споделиш со тие луѓе таму остануваат засекогаш. Тие со душа не чекаат таму да настапиме и да слушнат македонска песна.-вели Димов.

Борис вели дека нивна желба е да настапат и пред нашинците во далечната Австралија, па се надеваат дека и тоа ќе се исполни за скоро време. Тој додава дека тамошните македонци повеќе ја чувствуваат македонската песна.

-Желба ни е да одиме во Австралија, мислам дека ќе биде и тоа. И таму луѓето ја сакаат македонската музика, тие повеќе ја чувствуваат бидејќи се многу далеку. Ние ќе речеме еве една Германија, Швајцарија, Италија, Словенија, тоа е пак блиску, може да си дојде кога сака, но Австралија или Америка се малку подалеку, така да мислам дека тие повеќе слушаат македонска музика.-додаде тој.

Билјана и Борис, заедно со група Астрион неодамна снимија видео проект со македонски хитови, но и малку подзаборавени народни песни.

Please follow and like us:
Pin Share