Младиот Стефан Ночевски се појавува во еден од новите видео записи на мега популарниот Благојче Стојаноски Туше. Како што истакнува , одлично се снашол во видео записот, кој претставува големо искуство за него.
-Се снајдов добро. Туше ми ја испрати песната од Австралија, ми кажа дека планира да снима нова песна и кога дојде тука ја снимивме. Веќе бев спремен, истакнува Стефан.
Туше и Стефан зад себе бележат долгогодишна музичка соработка, како што истакнува Туше тие и претходно остварувале соработки, како овде во Македонија така и во далечната Австралија. Имено, Стефан се појавува во најновата песна “Ех, што љубам едно моме” , песна која најверојатно ќе постане голем хит на Туше, како и сите негови претходни рефрени.
