“Авантура” ново музичко парче од Зеки Бекировски

Please follow and like us:
Pin Share

Зеки Бекировски деновиве го сними својот втор музички проект во соработка со ИН продукција. Станува збор за ново музичко дело во како што појаснува тој реге тон ритам со современ звук, нешто брзо и живо. Типично темата е народна, во смисла украдена од народното но се работи за преработено или измиксано на малку помодерен и поинаков начин, вели Зеки.

-Музика, аранжман, микс и материкс се на Бехи Ахмедовски кој што е од Германија. Аранжманот исто е негов. Целокупната музика е негова, истакнува Зеки.

Видео записот се снимаше на неколку локации во Охрид а во видеото се појавува и девојка која дополнително ја доловува целата смислена приказна.

-Почнавме со снимање на автопатот Охрид-Кичево. Потоа се префрливме во хотелот “Престол”. Одлично место, супер хотел и локација и сега стигнавме во вашето студио да паузираме малку, истакнува Зеки.

-Да ја поздравиме Сара Дојчиноска која што е модел и глуми во мојот спот. Се работи за кратка приказна во која што јас сум главна улога. Нешто ќе се случува околу тоа како јас и таа случајно се запознаваме и сето тоа ќе се шири до самиот крај, да се сретнеме јас и таа. Што се однесува до приказната и самиот спот, темата на спотот ќе оставиме да биде малку поинтересно за гледачите, ќе биде изненадување, додава Зеки.

Спотот кој се снимаше сеуте нема наслов, но како што истакнува Зеки наскоро ќе биде насловен додека трае самата негова монтажа.

Please follow and like us:
Pin Share