Промоција на песнарка и Jam Session во чест на Андреј Лаброски

Please follow and like us:
Pin Share

На 16ти јули со почеток од 20:00 до 21:00 часот во Кадмо Бар ќе се одржи промоција на песнарката „Охридски Музички Бисерник – староградски песни“, а од 21:00 стартува Jam Session во чест на Андреј Лаброски.

Овој настан ќе биде од хуманитарен карактер, така што песнарката која ќе биде промовирана, ќе може да ја купите во текот на вечерта по цена од 400 денари, од кои дел од средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Во склоп на Jam Session-от ќе настапат и многу локални музичари. За учество може да се пријави секој, најдоцна до 13.07.2019 (Сабота) во директна порака.

Please follow and like us:
Pin Share