Петровденски хуманитарен концерт во Кривогаштани, прилепско

Please follow and like us:
Pin Share

Во пресрет на големиот христијански празник Петровден, синоќа во прилепското село Кривогаштани се одржа голем Петровденски концерт кој беше со хуманитарен карактер. На настанот учевство зедоа познати и еминентни музички имиња од македонската естрада а секако голема беше и посетеноста од страна на сите присутни кои беа дел од овој голем концерт. Како главен виновник за ваквиот настан беше Драган Јошевски кој помеѓу другото е и фронтмен на групата “Пелагониски мерак”.

-Хуманитарно се одржува неколку години. Имавме пауза од 3-4 години но трдиционално беше тоа како хуманитарно и ќе продолжиме како хуманитарно. Се работи за Петровден за овој празник, за црквичето во Петочница ќе имаме можност да го посетиме да го видиме каде е за доизградба на патот, да се среди онака како што треба да се оди таму, истакнува Драган.

На овој концерт учевство зедоа звучните естрадни имиња како Анета Наковска, Благица Павловска, Рубинчо Благадуша и други, кои не ко криеа задоволството што се дел од еден ваков настан, народен собир по повод празникот Петровден но со хуманитарен карактер.

-Многу ми е драго пред се што се дружам со мои навистина драги луѓе и колеги, особено “Пелагониски мерак”. Со нив имаме истерано неколку турнеи низ Европа и сме поминале навистина фантастично. Ретко добри луѓе со кои што ни оди муабетот се разбираме многу добро, посебно што се мајстори во својата работа. Тука ми е Благица Павловска, тука е Рубин. Ете тука се ИН тв исто така, ние сме еден заеднички тандем со нив, редовно заедно. Не само што се дружиме туку и сите мои спотови ги работам во продукција на ИН тв. Се на едно место и задоволството е поголемо кога сме сите вака заедно. Ова е еден голем и значаен музички настан за кој се собираат овие донации но прекрасно е и во однос на дружбата наша. Тука сме многу колеги музичари , собрани на едно место така да јас навистина прекрасно се чувствувам и сум среќна што сум тука, истакна Анета.

-Со задоволство доаѓам овде на вакви хумани концерти. Всушност во цела Македонија има потреба за помош кон црквите па да се помогне на некој начин колку што ние можеме, со својот глас и своите песни да придонесеме. Секогаш ќе бидам расположена да бидам тука и таму каде што е потребно, истакна Благица Павловска.

-Гледам дека има многу луѓе и тоа ме радува затоа што ваквите манифестации треба да бидат почести. Треба да ги организираат сите и да се придонесе таму каде што треба, истакнува младата Пантелија Тодоровска.

-Вечерва се чувствувам прекрасно бидејќи се наоѓам во моето родно Кривогаштани, каде што тука работам и живеам. Се случува убав хуманитарен настан за едно убаво  место. Тоа е место кое е свето а сакаме да го поправиме патот за Света Петка –Петочница, така го нарекувале старите, така и ние го нарекуваме. Собравме голем народ кои се сите љубители на оваа македонска музика и сакам и во иднина ова повеќе пати вака да се случува, затоа што кога ќе се донира и кога ќе се прават вакви убави хуманитарни концерти за такви верски е навистина чувството е прекрасно, додава Рубинчо Благадуша.

Рубинчо помеѓу другото на настанот приреди и едно изненадување, односно на хуманитарниот концерт го донесе и Зоки-Зрпе кој дополнително направи една прекрасна забава за паметење. Станува збор за Зоки –Зрпе кој беше фронтменот на групата “Бисери” и еден од првите организатори и помагачи на првата Петровденска вечер.

-Јас прифатив да помогнам во организацијата на првиот вакво настан, да го направиме првиот чекор. Тогаш беше помош за црквата и сега тоа продолжува и понатака, истакнува Зоки-Зрпе.

Ваквиот хуманитарен настан праеше до долго во ноќта а како што беше напоменато собраните средства ќе бидат наменети за изградба на соодветен пат до црквата Петочница во Кривогаштани.

Please follow and like us:
Pin Share