Македонскиот пејач Спасе Антевски наскоро заминува на долгоочекувана австралиска турнеја, а во фокусот е неговиот голем хит „Шербет млада невесто“, кој веќе подолго време е вистински евергрин меѓу македонската дијаспора. Песната особено се пее на веселби и свечености низ Австралија, каде публиката ја прифаќа со огромна енергија.

Покрај овој хит, Антевски е препознатлив и по песната „Права жена“, како и по поновото препејување на „Запејте сите ангели“, кои исто така се дел од неговиот богат репертоар.
Спасе Антевски важи за еден од најбараните изведувачи кога станува збор за жива забава, познат по одличната атмосфера што ја прави на настапите. Во последниот период сè почесто настапува и во соседните земји, каде интересот за неговите настапи постојано расте.
Австралиската публика наскоро ќе има можност да ужива во неговите настапи во повеќе градови, каде се очекуваат незаборавни вечери исполнети со македонска музика и емоции.
