Во Прилеп деновиве се снимаше видеозаписот за најновата авторска фолк песна „Чалгаџика“ на младата и сѐ поперспективна пејачка Благица Велјаноска, која со овој проект најавува нов силен чекор на македонската музичка сцена.
Снимањето се одвиваше во автентичниот амбиент на ресторанот „Македонска куќа“ во Прилеп, каде што учествуваа повеќе статисти и комплетна професионална екипа. Видеозаписот раскажува интересна и емотивна приказна – газда Блажо, мејанџија со срце, се вљубува во младата пејачка, но неговите другари се против таа љубов. Сепак, како и секогаш, љубовта победува, носејќи силна порака дека чувствата не познаваат пречки.
Благица не ја криеше среќата по завршувањето на снимањето и со голема емоција сподели:
„Пресреќна ви најавувам дека денес го снимивме спотот на мојата авторска песна, која ќе ја слушнете многу наскоро!“

Таа упати и посебна благодарност до сите кои беа дел од овој проект:
Славко Ристески за аранжманот (@prosoundproductionstudio),
ИН ТВ продукција – Ване Петкоски и неговата екипа,
Денис Димоски, нејзин четиригодишен ментор,
ресторанот „Македонска куќа ЛАКИ“ – Прилеп,
како и до сите статисти за нивната професионалност и поддршка.
Со „Чалгаџика“, Благица Велјаноска најавува свежа, модерна и раскажувачка фолк приказна која, според најавите, ќе го привлече вниманието на публиката и ќе стане вистински музички хит.
Очекувањата се големи, а публиката со нетрпение го чека официјалното објавување!
