ВОЛОНГОНГ ЌЕ БЛЕСНЕ ВО МАКЕДОНСКИ СЈАЈ – Гала вечер за најзаслужните со голема хуманитарна мисија!

Please follow and like us:
Pin Share

На 21 март, во Wollongong ќе се одржи свечениот настан со хуманитарен карактер „Gala Evening: Honouring the Most Deserving Macedonians in Australia“, во организација на INTV Australia.

Оваа гала вечер претставува продолжение на хуманитарната акција на INTV Australia за доделување ресивери со македонски телевизиски и радио канали во Пиринска Македонија. Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети токму за оваа благородна цел – зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу Македонците надвор од матичната земја.

Настанот ќе обедини Македонци од цела Австралија – од Melbourne, Sydney, Wollongong и Perth – во една вечер исполнета со емоции, гордост и заедништво.

Свечената програма ќе понуди богата музичка и забавна содржина. Специјални гости ќе пристигнат од Македонија, а како големо изненадување за публиката – две познати музички имиња од Македонија ќе создадат незаборавна атмосфера. На сцената ќе настапат и музички гости од Сиднеј, кои дополнително ќе ја збогатат вечерта со своите настапи.

Целта на оваа Гала вечер е да им се оддаде признание на најзаслужните Македонци во Австралија – луѓе кои со својот труд, успех и посветеност придонесуваат за заедницата и ја негуваат македонската традиција далеку од татковината.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на INTV Australia, со медиумска покриеност од новинарската екипа на телевизијата и други медиуми, со што прославата ќе допре до Македонците ширум светот.

Доколку познавате личност која заслужува признание, можете да нè контактирате на:
📧 intvau.com@gmail.com

📧 infoestradaplus@gmail.com

Please follow and like us:
Pin Share