Новата музичка ѕвезда од Битола: Андреа Атанасовска со само 16 години го освои „ИмаТ немаТ“(видео)

Please follow and like us:
Pin Share

Младата и неверојатно талентирана Андреа Атанасовска од Битола, иако има само 16 години, остави силен впечаток во последното издание на музичкото шоу „ИмаТ немаТ“. За неа речиси никој не слушнал досега, но по настапот сите зборуваат само за неа.

Андреа за првпат се појавува на јавна сцена – и тоа не било кога, туку веднаш по настапот на веќе докажаната Анета Лумаковска. За многумина ова би било голем предизвик, но Андреа со неверојатна храброст и самодоверба се искачи на сцената и ја отпеа безвременската „Сакам да ме крадеш“, оставајќи ги присутните колеги и публика без зборови.

Се чини дека ова девојче има иднина – со нејзиниот моќен глас, емоција и сценски настап, таа е еден од најсериозните нови таленти на македонската музичка сцена. Ве повикуваме да ја слушнете нејзината изведба и сами да се уверите во нејзиниот потенцијал.

Запомнете го ова име – Андреа Атанасовска. Таа дури сега почнува, а иднината ѝ е светла.

Please follow and like us:
Pin Share