По лажната вест на некои портали , обожавателите по социјалните мрежи се простуваа од поснатиот пејач на Рибла чорба.
Бора Ѓорѓевиќ со денови е во болница во Љубљана каде лекарите се обидуваат да му ја подобрат нарушената здравствена состојба, а се огласи и менаџерот на „Рибља Чорба“ кој ги откри деталите за состојбата на рокерот.
Фронтменот на „Рибља чорба“ е хоспитализиран во Словенија поради тешко воспаление на белите дробови, по што бил приклучен на кислород.
Во оваа прилика се огласи и неговиот менаџер Бане Обрадовиќ кој откри дека сите се надеваат на најдоброто.
„Бора Ѓорѓевиќ се наоѓа во Клиничкиот болнички центар во Љубљана. Тој беше интубиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Лекарите се трудат да ја подобрат здравствената состојба, особено бубрезите и црниот дроб. Добива соодветна терапија, Бора херојски се бори. Сите чекаме добри вести“, изјави менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, пренесува Блиц.