Македонската народна песна „Ќе и дојдам вечерва“ од фолк-пејачот Спасен Силјаноски стана хит на социјалните мрежи.
Ја пеат сите во регионот, но и корисници на мрежите кои не го познаваат македонскиот јазик, како афроамериканци. Низ дискотеките кај нас, но и на Балканот, диџеите во различни миксови ја пуштаа песната, која предизвикува делириум кај публиката.
Спасен вели дека е изненаден, но и среќен од големината на популарноста којашто ја постигнала песната „Ќе ти дојдам вечерва“ на Балканот.