Ова е приказната на Петpанка Костадинова, судбина било ОВА да ѝ биде последното нешто во животот!

Please follow and like us:
Pin Share

Ова е приказната на Петpанка Костадинова, судбина било ОВА да ѝ биде последното нешто во животот!

Целата содржина продолжува после рекламата.

Во својата триесетгодишна кариера, учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна, што се создаваа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните:

“Леонид со мајка вечера” од првото “Валандово”, “Мајсторе, мајсторе”, “Две калинки”, “Слушни ја сестро песната”, “Мајка”, дуетот со Ѓоко Дончев- “Името не го даваме”, хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- “Една куќа, две жени”…

Во текот на својата богата пејачка кариера, нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук – аудио касети и ЦД-а. Секако, станува збор за Петранка Костадинова, бисерното грло на нашата фолк музика.

Родена е во Сомбор, Република Србија, како дете во семејство на бегалци од Егејска Македонија. Во нејзините детски години семејството прво се сели во Демир Капија, а девојачките години ги минува во Неготино.

Песната ќе ја донесе во Скопје, кадешто формира семејство и има два сина.

Кротката жена со топол глас, со кој знаеше да варира од рафиниран болежлив пискот, до нежно милување на ранети срца, толку типично и толку неизбежно во македонската народна песна, ги испеа најубавите македонски фолк рефрени “Не кажувај либе добра ноќ”, “Кирјана”, “Слушни ја сестро песната”…

Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна песна, беше онаа врзивна нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената музика.

Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна.

За првпат таа ги има испеано песните на Наско Џорлев, “Не кажувај либе добра ноќ” и “Во Струмица на улица”, пред речиси триесет и пет години.

Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисер- песни, но како и секој вреден изведувач, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација.

Нејзина песна беше “Кирјана”, иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со “Ја излези стара мајко”, “Едно малој моме”, “Трај душо трај”…

Она што е неправда за Петранка, е дека речиси сиот свој живот таа била слободен уметник не вработена во ниту една инстутуција, иако својот живот го заврши како членка на Ансамблот за народни песни и игри „Танец“.

Но, таа за ништо не се жалела во животот. Била ненаметлива, скромна, приврзана за семејството, иако со својата песна го имаше минато речиси целиот свет, Петранка Костадинова, секогаш се потпирала само на својот неоспорен пејачки талент.

На седумнаесет годишнината од нејзината загуба, се огласи со пригодно сеќавање и нејзиниот колега и кумашин пејачот Орце Стевковски кој Петранка ја нарече легенда со бисерно грло, жена со големо срце која и како мајка и како човек со бескрајна љубов оставила голема празнина во нивните животи.

А се се случи на 3 февруари 2002 година, во приквечерината, народот беше во ш ок. Познатата пејачка се упокои во сообр аќајна нес реќа во центарот на Скопје.

Пред случката, таа била во МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал “ГОЦЕ ФЕСТ”.

Судбина било тоа воедно да е и нејзината последна снимена песна.

Please follow and like us:
Pin Share