Ресенчанецот Туше pacпали: Cpам и арам да ви е, живеам за и од Македонската музика

Please follow and like us:
Pin Share

Ресенчанецот Благојче Стојановски или попознат како Туше во Преспа ужива статус на музичка ѕвезда е популарен и познат пејач.

Тој е еден од ретките кој си определил да биде свој на своето, во својот крај, со најмилите, се вели во интервјуто на Естрадаплус.

-Се почна во крајот на 80’ тите години и никој па ни јас самиот неверував дека ќе стигнам до тука. Навистина е дека со една убава преработка (а текстот е мој) патот ми се отвори,

а тоа ниту го кријам ниту се срамам од тоа, бидејќи и поголеми светски и балкански ѕвезди имаат преработено песни и се таму на највисокото место и никој ништо не им може (се смее).

Останав свој на своето , воспитан сум така да не ги оставам моите родители сами во Ресен, а имав многу шанси да заминам во Скопје, но ете вака подобро се чувствувам, изјави во едно свое претходно интервју Туше и притоа додаде:

-Првото мое издание, тогаш касети, го издадов самиот јас бидејќи никој од издавачките куќи немаа верба во мене, а и тоа што ми го нудеа за соработка беше само да ти наплатат добро, па дали ќе помине или не, не им беше важно.

Па затоа можам со гордост да кажам се ова што имам постигнато е само со моја работа и помош од колегите и секако од вас новинарите. Самиот возев од град во град, од музичка продавница до музичка продавница да го нудам мојот материјал и успеав во тоа.

Благојче Стојаноски – Туше, кој беше познат по песните ,,Мераклија’’ ,,Невеста зедов најлична’’ и други, ја промовираше својата прва патриотска песна ,,Име не менуваме,, која за прв пат ја отпеал во Шведска пред, на настапот во Трелеборг.

Вели дека е воодушевен од реакцијата на нашите иселеници, кои ја знаеле целата песна од збор до збор, и веќе за две недели заминувал на турнеја во Австралија, од каде очекувал уште побурни реакции.

-Инспирација за песната ,,Име не менуваме’’ е актуелната состојба во земјава, и истата ми беше понудена токму во вистинското време.

Ја пеев на протестите на 4 март, ја пеев на настап во Шведска, еве сега се подготвувам и за Австралија, каде очекувам голема реакција од публиката која што е патриотски настроена – ни изјави пејачот, кој во рефренот на својата прва патриотска песна пее дека име не менуваме и кумови не каниме.

Јас сум роден во Австралија, но моето срце е во Македонија и тука ќе остане. Имам можност да се преселам таму, но како што кажав воспитан сум родителите да не останат сами на старост така што ние со фамилијата решивме да останиме тука и нашите родители да се порадуваат со внучињата.

А како што и вие знаете доста патувам и со фамилијата, фамилијарно. Јас не сум зафатен со бизниси и сакам да кажам се што сум створил мое е од музиката.

Држам цена, а и доста пати одам за чест кај другари и блиски пријатели.

Фолк пејачот Благојче Стојановски Туше е еден од фолкерот кој досега најмногу заработил од музика, пренесува Естрадаплус.

Како што наведуваат, иако не сакаше да открие од блиски нивни дозанале дека автомобилот кој го вози е над 90 000 евра, а поседува стан во Охрид.

Исто така куќа во Ресен и 3 станови во Сиднеј, Австралија. Туше освен музика друго ништо не работел во животот ,долги години престојувал во Австралија ,но и пред пандемијата секоја година одеше на турнеја најмалку по 2 пати, пишува Секојден.

Туше се огласи на својот Фејсбук профил изреволтиран дека е припадник на некоја политичка партија:

,,Јас, Стојановски Благојче Туше ,роден како МАКЕДОНЕЦ по татко, мајка, дедо, баба, прадедо, прабаба – МАКЕДОНЦИ, во МАКЕДОНИЈА! И цел живот го имам посветено на МАКЕДОНСКАТА музика.

Ниту сум се занимавал со политика и политичка припадност, ниту ќе се занимавам некогаш. Живеам ЗА и ОД МАКЕДОНСКАТА музика, се сметам за горд МАКЕДОНЕЦ и си ја сакам МАКЕДОНИЈА!!

Ова не може да ми го одземе и да го смени НИКОЈ па дури ни “имбецилите” кои тоа пробуваат да го направат периодов без трошка срам, жал и почит кон МАКЕДОНИЈА!!

Приказните за подобра иднина, ве молам да не ми ги кажувате затоа што СЕ гледам само подобра иднина со ваков начин на однесување и водење држава НЕ!!!

Јас секогаш ќе бидам горд МАКЕДОНЕЦ, горд на мојата фамилија, горд на моите дела кои се ќе се пренесуваат од генерација на генерација МАКЕДОНЦИ. А вие??

И вашите дела ќе се пренесуваат и нема да бидат заборавени, ама ќе се срамат вашите деца, внуци, поколенија!
СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е!!!”

Please follow and like us:
Pin Share