Мартин Стојаноски периодов е доста ангажиран на Предновогодишните забави. За Дочекот на Нова Година ќе пее во Германија, а таму ќе остане скоро 15 дена и ќе оствари уште неколку настапи во различни градови.

Мартин Стојаноски периодов има голем број ангажмани и настапи. Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, за Предновогодишните прослави ќе ги забавува гостите во хотелот Салида во Прилеп, а за Новогодишната ноќ е резервиран во Германија, каде што ќе има можност да настапува заедно со фолк дивата Анета Наковска.
-Следните ангажмани се Предновогодишните забави, свириме во хотел Салида Прилеп. До 28-ми декември сме ангажирани таму, а на 29-ти одиме за Германија и остануваме до 13-ти Јануари. За Нова Година сме во Солинген, за Божик во Нурнберг и за Стара Нова Година сме во Минхен. Ќе патувам со моите колеги, а настапувам заедно со Анета Наковска.-открива Мартин, за естрадниот магазин Естрада плус.

2019-та година веќе изминува, а Мартин е презадоволен од годинава бидејќи за него е една од најуспешните досега. Тој вели дека за следната година има доста планови, снимање на нови песни и спотови.
-Можам да кажам дека 2019-та беше за мене најуспешна, со многу ангажмани, па се надеваме дека 2020-та ќе биде уште поуспешна. Имам доста планови за следната година, сакам за новата песна да снимам спот, па се надевам дека ќе има уште многу песни и многу спотови.-додава тој.
Мартин деновиве во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата прва авторска песна која што е насловена “Дај вино брате”. Во моментов подготвува нова песна која ќе ја промовира на почетокот од следната година.
