(ВИДЕО) Христијан Стојоски промовираше нов спот за доста емотивна песна

Please follow and like us:
Pin Share

Христијан Стојоски промовираше нов спот за песната “Плачи срце”. Неговите очекувања се и спотот и песната да бидат добро прифатени од јавноста.

Младиот пејач кој потекнува од Охридскиот регион, Христијан Стојоски, промовираше нов спот. Станува збор за нова песна која носи наслов “Плачи срце”, а е негово авторско дело. Спотот помина во одлична атмосфера, а го изработи ИН Продукција.

-Снимањето помина одлично, помина подобро од тоа што очекував, прекрасно беше и се одеше според планот. Во соработка со ИН Продукција, се снимаше тука кај нас во Охрид, на повеќе локации, малку прошетавме низ околината. Поминавме прекрасно, испадна како филм, како приказна. Станува збор за караница помеѓу двајца млади и на крај се завршува тажно, песната значи нема среќен крај, но следната песна се надеваме дека ќе биде продолжение на оваа песна.-истакна Стојоски, во интервјуто за ИН ТВ.

Преку неговата најнова песна, Христијан сака да го врати стилот на незаборавните “Опус”, “Алпина”, “Кис ми”,  кој што според него е малку подзаборавен.

Инаку, Христијан периодов има доста настапи на семејните прослави, но и низ локалите во Охридско-Струшкиот регион.

Please follow and like us:
Pin Share