Татјана Лазаревска секогаш знае да изненади со нешто ново

Please follow and like us:
Pin Share

Доста енергична, шармантна и позитивна личност. Таква е фолк пејачката Татјана Лазаревска која секогаш знае да ја изненади публиката со нешто ново. Покрај новите песни и спотот кој што ги сними во Македонија, таа за 20 дена престој тука одржа и неколку настапи заедно со нејзини колеги од македонската естрада.

Нејзините обожаватели, но и целата јавност ја знае како доста енергична пејачка која неуморно работи како на снимање нов материјал, така и на одржување на бројни настапи каде и да се наоѓа. Татјана Лазаревска во периодов сними две песни, а за една од нив изработи и спот кој што веќе е пуштен во етерот на телевизиските станици. Станува збор за песната “Инстаграм”, која што е во весел и помодерен ритам. Покрај снимањето, престојот во нашата земја го искористи и за дружење со публиката на неколку настапи.

-Јас веќе имав настапи, а ова што го снимав е веќе на неколку дена пред моето заминување за Австралија. Имав доста настапи, бев гостинка на концертите на Марјан Коцев тука во Охрид во хотел Силекс, бевме во Сливница на плажата Конект, бев во Гостивар каде што имав една убава дружба во Златно буренце, во Свети Николе, Кавадарци. Така да, во овие 20 дена јас веќе имав седум-осум свирки.-раскажува Лазаревска во интервјуто за ИН ТВ.

Татјана вели дека за неа зборот “одмор” не постои, додавајќи дека сака целото нејзино време да го искористи и да го посвети на музиката и нејзините обожаватели.

-Целта на тие мои настапи е размена на енергија со мојата публика во Македонија. Јас сум презадоволна со полни батерии се враќам во Австралија за неколку дена. Нема одмор, јас одморам на моите свирки во дружењето со мојата публика и моите обожаватели. За мене зборот одмор во животов не постои, јас сум секогаш зависна од адреналин, трошење на енергија, така да ќе одмораме понатака во животот во третата доба кога ќе бидеме во поодминати позрели години, а сега квалитетно ќе се замараме.-додава таа.

Спотот за песната “Инстаграм” е снимен во студиото на ИН Продукција, а беше емитуван премиерно на сателитската ИН Телевизија.

Please follow and like us:
Pin Share