Круме Милески : Македонската музика е многу застапена во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

Според музичарот Круме Милески кој живее во Мелбурн, македонската музика е доста застапена и барана од македонците кои што живеат во Австралија. Тој вели  дека секој слободен момент се користи да се отиде на некое убаво место каде што се свири и пее македонската песна. Како едно од тие места го издвојува Ресторанот Канео, преку кој што Охрид е пренесен во Австралија.

Голем број македонци поради разни причини се преселиле од Македонија во далечната Австралија. Сите тие се желни за нашата убава македонска песна, па секој момент го користат да отидат на некое место каде што можат да уживаат во македонските хитови и да се потсетат на нивните корени. Музичарот Круме Милески, кој потекнува од Охрид, а живее и работи во Мелбурн, Австралија ни гостуваше во студиото на ИН Продукција, а меѓудругото ни откри колку тамошните македонци ја слушаат македонската песна.

-Морам да признаам дека македонската песна во ресторанот Канео е најзастапена. Од најстарите, па до најновите шлагери и оние најголеми македонски хитови, премногу е застапена. Дефинитивно, како што спомна Џеват, преку Канео, Охрид е пренесен во Австралија до максимум. Македонската музика е многу застапена во Австралија, така да ете ќе ги спомнам неколкуте градови каде што има најмногу македонци. Ќе почнам од нашиот Мелбурн, Сиднеј, Перт, во Камбера имаме и културно уметнички друштва кои што работат, па дури и нашите музичари таму творат македонска музика и фала му на Бога што навистина македонската музика е премногу застапена.-истакна Милески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Круме заедно со Милован Секулоски и Џеват Рамаданоски, деновиве во ИН ТВ претставија дел од нивниот заеднички проект кој што е отсвирен и отпеан во живо.

Please follow and like us:
Pin Share