“Ех, што љубам едно моме” и “Зелни очи” добиваат видео записи

Please follow and like us:
Pin Share

Добро познатиот Благојче Стојаноски Туше изминатиов  период во соработка со ИН продукција сними два видео записи. Како што истакнува и самиот, снимањето поминало одлично но по малку и напорно бидејќи двата спота се снимаа во еден ден.

-Сработивме повеќето работи и покрај тоа што беше напорно. Тешко е да се биде 10 до 12 часа на терен. Тешко за мене, а не пак за снимателите, статистите и се друго останато, истакнува Благојче.

Еден од видео записите е за неговата најнова песна “Ех, што љубам едно девојче”, додека пак вториот видео запис е за неговиот најголем хит “Зелени очи”, на локации во родниот , Преспански крај на Туше.

-По природа сум малку специфичен човек и овие места и локации ги најдов самиот па со договор со Ване, решивме дека би одговарало тоа место за снимање и одлучивме дека местата се баш добри за снимање и едноставно сакав нешто да биде поразлично. Мислам дека не згрешивме и с надевам дека гледачите ќе бидат преадоволни од тоа што ќе го видат, додава Туше.

Што се однесува до најновата песна од Туше, која носи наслов “Ех, што љубав едно девојче”, текстот е лично од Благојче, додека пак музиката е дело на негов близок колега од Сиднеј Роберт Митревски , додека пак аранжманот е на Славко Ристески од Прилеп.

Помеѓу другото летниот период Благојче е со полна работна агенда, бројни настапи низ целата наша земја, од кои најповеќе во Охридско, Преспанскиот и Битолскиот крај.

Please follow and like us:
Pin Share