Благица и Јордан на голема австралиска турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

Оваа година во есенскиот дел понатата музичка ѕвезда Благица Павлоска  заедно со Јордан Митев ќе ја маат својата голема австралиска турнеја. Како што истакнува Благица, овојпат таа ќе оди заедно со познатиот Јордан Митев а очекувањата се секако позитивни, со оглед на тоа што таа одамна не ја посетила оваа далечна земја.

-Одиме заедно со Јордан Митев, некаде крајот на септември, октомври би биле таму, цел месец. Мислам и очекувам дека ќе биде успешна оваа турнеја. Одамна не сум била таму во Австралија и веррувам дека ќе поминеме фантастично со Јордан. Го почитувам неговиот стил и  го почитувам начинот на кој тој работи. Имав можност да го видам додека бевме заедно на некој настап. Мислам дека нашите енергии ќе бидат споени и ќе бидат јаки. Верувам дека ќе поминеме одлично во Австралија , мислам дека ќе биде добро, додава Благица.

Предвидени се бројни настапи на Благица и Јордан во поголемите австралиски градови и центри каде што претежно има македонци. Нивната турнеја е во рамките на австралиско – македонската младинска асоцијација Никола Карев.

Please follow and like us:
Pin Share