Покрај неговите бројни работни ангажмани, особено во овој период каде во тек се организационите подготовки за новиот и прв детски музички фестивал “Веселни ѕвончиња”, сепак Гоце Илиески Балада, ќе оддели време за својот летен одмор кој ќе го мине заедно со семејството. Како што истакнува неговата летна дестинација годинава ќе биде преубавиот јадрански дел од Црна Гора.
-Официјално да. Најверојатно дестинацијата ќе биде Будва, заедно со сопругата и ќеркичката, која што пројавува голем интерес во однос на музиката. Во глобала има креирано на нејзина четири годишна возраст речиси две три мелодии, зборувам како мелодија не напишана како ноти. Паралелно на таа мелодија фигуративно кажано си лепи свој дел и текст. Засега тоа е така, гледам дека е музички надарена, талентирана, најверојатно и таа ќе се појави на овој детски фестивал, истакнува Гоце.
Оваа година за прв пат во нашата земја во месец декември ќе се одржи првиот детски фестивал “Весели ѕвончиња”, каде Гоце се јавува во улога на уметнички директор на фестивалот, со целосна покриеност на детските песнички, кои се негово дело. Пријавувањата за учевство на фестиалот сеуште се во тек и може да се пријават сите деца кои пројавуваат позитивни афинитети кон музиката и песната.
