Александар Ицов во одлична соработка со Оркестар Корона од Штип

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај тоа што води соло кариера, инструменталистот Александар Ицов е дел од Оркестар Корона од Штип. Александар вели дека соработката со нив е одлична, а радува фактот што агендата со настапи за оваа година е веќе полна.

Познатиот инструменталист Александар Ицов покрај тоа што успешно ја води неговата соло кариера, тој е член и на Оркестар Корона од Штип. Како што вели Ицов, соработката со нив е доста успешна, а бројот на нивните заеднички настапи постојано се зголемува.

-Еве веќе 5-та година сум со Оркестар Корона од Штип. За соработката можам само да се пофалам бидејќи имам бројни настапи и оваа година, а и за наредната година веќе има доволно резервирани настапи така да, одлично ни оди и се надеваме на уште поголема соработка-истакна Ицов, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај бројните настапи кои што ги има низ целата земја, Александар Ицов често настапува и надвор од нашите граници. Заедно со Оркестар Корона за Дочекот на нова година ќе бидат во Германија.

-Надвор од земјава како соло инструменталист сум имал повеќе настапи, меѓутоа сега сум со Оркестар и сме веќе 4-та година за Дочекот на Нова Година во Германија и оваа година исто сме таму така да, добро е супер.-додава тој.

Инаку, Александар пред само краток период го промовираше видео записот за неговото најново инструментално дело кое е насловено Скорушка гајда. Видеото се снимаше во Беровскиот крај во соработка со ИН Продукција. Ова е за него четврто авторско дело по претходните, Ацево естрадно оро, Везена деветка и Николова единаеска.

Please follow and like us:
Pin Share