Една година однапред се резервирани со настапи. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд, најбарани музичари во земјава.

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд дефинитивно во моментов се најбараните музичари во нашата земја. Доказ за тоа е и нивната агенда која што веќе една година однапред е пополнета. Јовиќ при интервју за ИН ТВ открива во кои делови од земјава се стационирани ова лето.
-Дефинитивно една година однапред сме резервирани за секој месец. Така да, нашите ангажмани летово се повеќе надвор од Скопје. Повеќе сме стационирани во Струмица, Битола и околината.-истакна Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако имаат бројни настапи и различни ангажмани, па се навистина изморени, тие секогаш имаат време за се, и за музиката и за работата и за нивните семејства.
-Да бидам искрен, никогаш не размислувам дали ми е потребна енергија, дали ја немам или дали сум изморен. Самите настапи си го прават своето, не само јас туку и целиот мој бенд сме сите изморени, но сепак во секој момент ние сме спремни. Ете синоќа се уверивте сами дека почнавме да го снимаме спотот од 12 по полноќ, така да мислам дека кога човек има желба да работи може да се најде време за се. И за семејството и за работата, така да, сме изморени, но има време за се и мислам дека ќе успееме.-додава тој, при интервјуто.
Пред само неколку денови Ѓоко сними спот за неговата песна која носи наслов “Мила моја”, љубовна песна со доста емотивна приказна. Спотот е во соработка со ИН Продукција, а во најскоро време ќе биде промовиран на сателитската ИН ТВ.
