Оркестар Маестрал со полна пареа и ова лето

Please follow and like us:
Pin Share

Оркестар Маестрал од Битола до месец декември ангажирани се на свадбените прослави низ целата земја. Покрај бројните настапи, тие сепак успеаа да снимат и две наменски песни, но за прв пат и една песна во поп стил.

Важат за едни од најбараните музичари на македонската фолк естрада. Оркестар Маестрал од Битола најавуваат доста бурен период со настапи, особено на свадбените прослави. Тие велат дека слободен викенд за нив нема, се до месец декември.

-Периодов сме презафатени. Од после Велигден до декември месец, Маестрал редовно за викенди е по свадби. Се случуваат и некои други свирки преку недела, меѓутоа главно свирките се петок, сабота, недела по фамилијарните веселби, свадби, крштевки. Така да, време нема многу за други свирки, тие се главните, до ноември месец се е зафатено, па се надеваме дека и оваа година ќе биде успешна како и останатите години.-велат од Оркестар Маестрал.

Иако се доста ангажирани со нивните настапи, тие сепак издвојуваат време за снимање на нешто ново. Во моментов имаат две нови песни, една за крштевка и една за свадба, а интересно е тоа што во најскоро време ќе ја промовираат и нивната прва песна која што ќе биде во поп стил.

-Секако дека Оркестар Маестрал има нови песни. Еве може да се пофалиме пред јавноста дека имаме две наменски песна, една за крштевка и една за свадба. Ќе оставиме на ИН ТВ да ги презентира песните, па да може и јавноста да ги гледа и слуша. Ние веќе им ги презентираме на свадбите и крштевките. Освен тоа, имаме и една забавна песна на колегата Александар Тасески, соло гитаристот. Се надеваме дека ќе ви бидеме гости во ИН Продукција и ќе ја презентираме на вашата телевизија.додаваат од Оркестар Маестрал.

Please follow and like us:
Pin Share