Ова лето ќе се памти и по Мега концертот на Лозано на 2-ри август во Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

Балканскиот Ерусалим, Охрид, покрај на музичарите од соседството, но и целиот свет, ова лето ќе биде домаќин и на најголемите ѕвезди од македонската естрада.

Во организација на Прагма Продукција, во петок, на 2-ри август, Илинден, во Охрид ќе се одржи вистински МЕГА музички настан, достоен за големиот празник. Мега популарниот Влатко Лозаноски ќе одржи голем концерт под отворено небо, кој се очекува да биде еден од врвните настани за ова лето во Охрид.

– Со нетрпение чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори, напиша Влатко на неговиот фејзбук профил.

А со нетрпение ќе чекаат и сите негови обожаватели да го видат Лозано и заедно со него да ги отпеат големите хитови, “Јако јако”, “Километри”, “Ова лето ќе се памти”, “Сонце не ме грее” и многу други.

Please follow and like us:
Pin Share