Бројни планови на музичко поле има познатиот фолк пејач, со извонреден глас Далибор Даки Ѓошиќ. Неговите планови накратко ги раскажа пред нашата камера, ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Познатиот фолк пејач и еден од најдобрите машки вокали во земјава, Далибор Даки Ѓошиќ, секогаш е организиран и си работи плански. Во неодамнешното интервју тој ни открива дел од неговите музички планови.
-Ново кај мене е “Чаршијо моја”, ќе признаам. Да го најавам спотот за една моја навистина прекрасна песна. Таа е баладична, малку емотивна, романтична, чаршиска песна што мислам дека ќе допринесе во мојата кариера и во скоро планирам и спот. Ќе ја чувам за септември затоа што таа е наменска песна за есенските денови, сега ми е пред се дуетот со Елена Јовческа и уште една нова песна за која што нема да ви откријам за што се работи, ќе дознаете за скоро, а “Чаршијо моја” е трета песна за септември. Така да, мислам дека сум веќе организиран во смисла на моите новитети и студиски снимки.-истакна Ѓошиќ, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Периодов, Далибор е сконцентриран на промоцијата на првата дуетска песна со фолк пејачката Елена Јовческа која е насловена “Љубовта не родила”. Далибор и Елена имаат големи планови за соработка во иднина. Покрај снимањето заеднички песни, планираат и заедно да настапуваат како во Македонија, така и надвор од неа.
