И покрај тоа што неколку месеци беше насвор од нашата држава поради свои приватни активности, сепак познатиот фолк пејач Влатко Алексовски неуморно работи на создавање нови песни. Тој веќе го најавува својот нов албум во кој ќе бидат вметнати 10 нови песни.
-Бев претежно во Германија, сега извесен период се вратив тука. Има многу настапи во текот на летото, претежно свадби, значи почна оној свадбен-летен маратон, секој викенд по две-три свадби. Во меѓувреме музичката работилница и мојот тим неуморно работат. Работиме на нов албум , го најавив уште минатата година но има многу песни, така што не сакам да форсирам преку ноќ. Подобро да оставиме на времето тоа да се спакова музички добро и квалитетно. Во меѓувреме модерниот шоу бизнис си бара спој на аудио и видео. Веќе сме договорени со вашата продукција да изработиме два три спота. Еден ќе биде изработен во следните дваесетина дена. Наскоро ќе имаме ново гостување во студиото каде што ќе имаме нова промоција на една од песните кои што се работат на новиот албум на кој ќе бидат поместени десет нумери, истакнува Влатко.
Со оглед на неговата постојана работна ангажираност во музичките води, Влатко постојано е во тренд и ги следи сите модерни музички призвуци кои ги пласираат и ги бара помладата популација. Во таа конотација Влатко неодамна направи преработка на легенрадната песна “Шушана” со текст посветен на големиот ракометен првак “Вардар”, која песна ја наслови “Напред Вардаре”.
