“Пет до девет е”-Нов летен хит од група Тандеми

Please follow and like us:
Pin Share

Базен, убави девојки, забава е она што ќе го може да го погледнете во најновиот спот од група Тандеми кој што ќе излезе во најскоро време. Новиот летен хит е насловен “Пет до девет е”.

Енергичните момци од група Тандеми, периодов работат со полна пареа. Деновиве тие снимија спот за песната “Пет до девет е”. Станува збор за преработка за која текстот го напиша Горан, вокалот на групата, а песната е снимена во студиото на Саше Младеновски. Снимањето на видеото се одвиваше во неколку прекрасни предели во Скопскиот регион и во познатиот планински комплекс “Алка”. Интересно е тоа што спотот има и приказна која што за гледачите на ИН ТВ накратко ни ја раскажа Горан.

-Има една стара кола и една нова, со тоа што на девојката и се расипува колата, а ние од бендот доаѓаме, некој да ја поправи. Па колегата ја зема, доаѓа на базен, нејзе ја чекаат тука другарките. Доаѓаме и ние тука, па знаете како е, базен, летна шема, убава атмосфера и досега доста добро поминавме. Сега чекаме да се стемни за да го почнеме вториот дел од снимањето. Мислам дека е доста интересна песната, певлива, лесна за памтење и луѓето кои што беа тука си ја потпевнуваа.-раскажува Горан, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Видеото го збогатија прекрасните девојки од модното студио Црнокрак кои извонредно си ја одиграа својата улога. Од група Тандеми се надеваат дека песната ќе стане летен хит, но велат дека сепак ќе остават јавноста да го каже последниот збор и да одлучи за тоа.

-Нормално како и секој бенд очекувањата се големи, но народот е тој што треба да оцени. Нас ни се допаѓа, но и на оние на кои досега сме им ја пуштиле да ја слушна им се допадна и коментарите се дека песната е певлива, а тоа е најбитно. Дури и син ми помалиот си ја пее, па се надеваме дека ќе е хит, сепак оставаме на времето да покаже.-додава тој.

Спотот кој што е во соработка со ИН Продукција, во најскоро време ќе биде пуштен во етер премиерно на сателитската ИН ТВ.

Инаку, група Тандеми важат за едни од најпознатите музичари во земјава, а во месец февруари тие ќе одбележат 20 години постоење на македонската естрада.

Please follow and like us:
Pin Share