Дамјан Стојаноски имаше можност по втор пат да ја посети Австралија. Иако имаа бројни настапи и ангажмани, заедно со Влатко и Златко разгледаа повеќе места и се дружеа со нашите македонци таму. Сепак, место кое што му оставило најголем впечаток на Дамјан е Волонгонг.

Дамјан Стојаноски пред извесно време беше на турнеја во Австралија заедно со Влатко и Златко Миладиноски. Покрај бројните концерти и настапи кои ги одржаа таму, тие сепак имаа време да се дружат со нашите македонци кои што живеат таму, а воедно и да уживаат во убавините кои што ги нуди оваа прекрасна далечна земја. На прашањето кое место најмногу му се допадна на Дамјан, тој ни одговори дека сите места кои што ги посетил биле прекрасни, но Волонгог му останал најповеќе во сеќавање. Во неодамнешното интервју тој ни раскажа зошто го одбра токму овој град?!
-Австралија е една преубава земја, поточно континент има навистина многу убави места. Ми се допадна насекаде каде што бевме, можеби Волонгонг ми се допадна најмногу бидејќи е така помало место и каде и да одиш слушаш како зборуваат на македонски јазик, па се осеќаш како да си во Македонија. Макар што секаде си е убаво, но сепак Македонија си е Македонија и не ја давам за ниедно место на светот.-открива Дамјан, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Инаку, Дамјан како и повеќето македонски музичари и пејачи, летото ќе го помине со настапи во Македонија, а за есенскиот период најавува неколку турнеи низ Европските земји. Тој вели дека за поголема турнеја ќе остави да помине малку време, а се разбира за сите новости јавноста ќе биде известена преку неговите профили на социјалните мрежи.

