Јелена Розга се обидува да го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но нејзините соседи открија непознати детали за хрватската пејачка.

Соседите од Сплит тврдат дека Јелена спие до доцна попладне, а на кафе оди после 14 часот. Кога ќе се разбуди купува пециво и сок од портокал, како и кафе од ванила, а потоа оди на ручек кај родителите кои живеат во соседниот крај.
Меѓутоа, пред да почне да живее во оваа населба, Розга била во друг дел на Сплит, а тамошните станари велат дека таткото на пејачката често и носел храна.
Соседите велат дека ја слушале како пее и вежба песни. Тие откриваат дека го гледале Иван Хуљиќ, синот на Тончи Хуљиќ да доаѓа кај Розга на гости. За потсетување, за романсата меѓу Иван и Розга се зборуваше многу во медиумите.

„Синот на Хуљиќ наутро го шеташе кучето, додека Розга спиеше. Јелен на телевизија ми изгледа високо, а инаку е слаба и пониска, но многу културна. Ја гледав од балкон околу 3-4 часот наутро кога се враќа од концерт“ вели сосетка на Розга.
Соседите исто така открија дека често го гледале и Стјепан Хаусер, поранешниот свршеник на Розга кој често ја водел на ручек.
