Голем интерес кај младите за првиот детски музички фестивал “Весели ѕвончиња”

Please follow and like us:
Pin Share

Годинава за прв пат ќе се одржи детскиот музички фестивал “Весели ѕвончиња” кој според досегашната организација, подготовкие постепено течат и се одвиваат во најдобар ред. Интересот кој постепено расте кај младата популација доведува за се поголема посветеност кон напорите за негова беспрекорна организација, како во поглед на изведбата на песничките така  и во поглед на кореографијата која во најголема мера е креирана од младите умови како учесници на фестивалот.

-Најзаслужни за тоа што го направија овие деца се самите тие. Во самата таа кореографија се вметнати многу елементи кои што самите тие ги предложија и едноставно кога работиш со деца. Професинално работам и учител. Кога работиш со деца едноставно доколку му оставиш доволно простор на децата тие можат да направат многу работи на многу подобар начин, отколку што можеме да го направиме тоа ние возрасните, истакнува Драган Јанковски од здруженито на граѓани “Академик”.

Како што појаснува Драган, сите досегашни подготовки околу фестивалот се одржуваат во детскиот центар во Крушево, “Светот на децата”, при што се надеваат дека сето тоа ќе прерасне во еден ценатр кој ќе создаде голем број креативци од младите генерации.

-Веруваме дека ќе произлезат многу нови генерации кои што ќе можат да достгнуваат големи успеси во нивните животи, додава Драган.

 

Please follow and like us:
Pin Share