Наскоро!!! Инструментална гајда од Александар Ицов

Please follow and like us:
Pin Share

Александар Ицов сними видео запис за неговото ново музичко дело, инструментална гајда. Музиката е дело на Александар, а аранжманот на Сашко Велков. Видеото е во соработка со ИН Продукција.

Познатиот виртуоз на хармоника Александар Ицов, сними видео запис за неговото најново музичко дело, кое е поразлично од претходните негови инструменталки, бидејќи овој пат Ицов свири на познатиот традиционален македонски инструмент, гајда.

Снимањето на видео записот за инструменталната гајда помина во одлична атмосфера, а се одвиваше на повеќе локации. Најпрво се снимаше во вила “Клепало”-Берово, а потоа во еден од најпознатите комплекси “Бела вода”.

-Заедно со вашата екипа поминавме одличен ден, со прекрасно видео и се надевам дека ќе биде се во ред. Во видеото беа вклучени и Фолклорниот Ансамбл Китка од Оровица, тоа е Радовишко село. Јас сум задоволен од нивната изведба, па ќе видиме каков ќе биде крајниот резултат на сето тоа.-истакна Ицов, веднаш по снимањето на видеото.

Музиката за инструменталната гајда е дело на Александар, а аранжманот како и секогаш, така и овој пат на неговиот долгогодишен соработник, маестро Сашко Велков.

-Од ова четврто мое инструментално дело очекувам многу повеќе затоа што еве овој народен инструмент е најповеќе прифатен кај народот па да видиме понатака како ќе биде, дали ќе се исполнат моите очекувања и дали ќе се вклопат моите очекувања со очекувањата на гледачите.-вели тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Александар зад себе ги има и трите инструментални дела “Ацево естрадно оро”, “Везена деветка” и “Николова единаеска”. За следниот период тој најавува и комплетирање на неговиот прв албум.

Please follow and like us:
Pin Share