Во организација на СeМакедонски Национален Совет – “Македониум” во Скопје се одржа првата конференција за семакедонско национално обединување. На конференцијата присуствуваа околу 20-тина граѓански организации од Република Македонија и странство, политички партии, повеќе неформални организации на Македонците во странство и поединци-родољуби.

Целта на настанот е постигнување на национално единство и консензус по однос на Македонските државни, национални, идентитетски и сите други прашања кои значат опстанок на Македонија и Македонскиот народ.
Покрај делегатите од страна на организаторот, на конференцијата присуствуваа делегати од Република Македонија, Пиринска Македонија, Албанија и Гора, делегати од организацијата Антички Македонци од Перт, Австралија, делегати од Организацијата на Македонците во светот, Координативно тело од Европа, претставници на партијата “Глас за Македонија”, Работничката партија, Независниот синдикат на транспортните работници, Гранковиот синдикат на градежни работници и повеќе други неформални организации и поединци.

-Сите опструкции и начини на функционирање на овие структури кои што бесправно ја владеат државата, не натераа да дојдеме до тука да се собереме на едно место и да дискутираме по основ на македонските национални прашања и практично да заземеме став контра актуелната политичка власт, нелегална, контра сервилната опозиција во Парламентот, мислам на ВМРО-ДПМНЕ и да застанеме во одбрана на народните, националните интереси на Република Македонија, што не значи само на интересите на македонците во државата, него во одбрана на македонскиот идентитет, македонските национални права, а тоа е одбрана на се што значи македонизам во глобални рамки.-истакна Страшко Олумчев, од СeМакедонскиот Национален Совет – “Македониум”.
По обемната работа на работното тело на Конференцијата за Македонско сенационално обединување на крајот од конференцијата беа прочитани:
- -Прогласот до Македонскиот народ за Македонско сенационално обединување
- -Утврдените Македонски државни и национални интереси, како и
- -Дел од приоритетните заклучоци за дејствување на Семакедонскиот национален совет во претстојниот период.
Конференцијата беше одлична можност да се сретнат Македонци-родољуби и активисти за правата на Македонците како од Републиката така и од сите светски мередијани, со размена на мислења меѓутоа и со донесување на конкретни заклучоци и план на активности за понатамошно дејствување.

