Младиот и талентиран Блаже Билбиловски покрај тоа што во изминатиов период ги прави своите успешни чекори во соло пеењето, тој поебно го негува и свирењето кон својот инструмент саксафонот. Токму поради тоа тој се повеќе е баран на бројните свадбени и семејни свечености, каде со овој инструмент знае на многу добар и позитивен начин да ја подгрее атмосферата. Секако за тоа знае да добие и добар бакшиш.
-Па да. Тоа е малку и дискутабилно, многу зависи од амбиентот, многу зависи од расположението а најповеќе од типот на забавата. Исто така тоа најповеќе зависи и од нас, пред се и од публиката каде што свириме, така што секаде е различно. За тоа работиме сите, додава Блаже.
Неодамна Блаже промовираше нова песна со забавен стил, нешто што него посебно му лежи, а за следниот период исто така најавува нова песн во латино –поп верзија.
