Ќе ве насмее до солзи-Јелена Розга падна од стол

Please follow and like us:
Pin Share

Сите кои ја следат работата на Јелена Розга знаат дека таа сака да се пошегува на своја сметка, па често споделува некои интересни моменти од снимања.

Првиот пат се случи претходната година на снимањето на спотот за песната „Остани“ каде Розга за малку ќе паднеше во вода. Слична случка имаше кога го снимаше спотот за „Моје пролече“, па среде шума на снег повторно падна.

Овојпат, Розга не падна за време на снимање на спот туку на една проба за нејзин настап. Имено, пејачката седи на столица додека вежба со својот бенд и одеднаш се струполи на земја.

Јелена ова видео го објави на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари кај нејзините обожаватели.

Please follow and like us:
Pin Share