ГЛАСИНИТЕ СЕ ПОТВРДИЈА: Позната пејачка ќе стане снаа на Брена

Please follow and like us:
Pin Share

Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ неодамна заплива во музичките води и полека, но сигурно “гази“ на сцената. Медиумите го поврзуваа со српската пејачка Милица Павловиќ истакнувајќи дека меѓу парот има нешто.

Стефан и Милица ги демантираа овие пишувања, нагласувајќи дека се само добри пријатели. Меѓутоа, сега српскиот портал „Блиц“ објави фотографии од Милица и Стефан во еден ресторан.

Тие во ресторанот пристигнале со автомобилот на Стефан кој се однесувал како џентламен кон пејачката. Извори блиски до „Блиц“ говорат и дека двајцата изгледале многу среќни заедно, постојано биле насмеани и изгледале поблиски од пријатели.

Дали меѓу нив навистина има нешто и дали Павловиќ ќе биде нова снаа на Брена, останува времето да покаже.

Please follow and like us:
Pin Share