Наум и Ѓоко во постојана музичка соработка, а се подготвува и новото ЦД

Please follow and like us:
Pin Share

Охридскиот хармоникаш Наум Џуклески постојано твори и создава своја музика веќе долги години. Притоa бележи и бројни музички соработки со голем дел музички имиња од нашата естрада. Во периодов Наум го промовираше своето ново музичко дело кое претставува негово автобиографско а е наречено “Мојта хармоника”.

-Работам постојано. Работиме со инструемнталки на нови ора. Сега последно работев на нова песна, која можеби ќе биде на “Охридски трубадури”, останува да видиме, сеуште немаме одлучено, истакнува Наум.

Новата автобиографска песна за Наум ја изведува неговиот близок колега и музички соработник Ѓоко Дичоски, кој е презадоволен од финалниот продизвод.

-Рботиме и постојано надвор од Македонија. Секако македонската песна е најубава, особено охридската, мораме да го потенцираме тоа. Сепак ние потекнуваме од овој крај. Инаку имам снимано и јас неколку песни со професорот Гоце Џуклески. Сега во тек е на повидок ново ЦД заедно со Наум Џуклески, додава Ѓоко.

Неодамна Ѓоко, Наум и Мирко се најдоа во реализацијата на најновото музичко дело од маестралниот хармоникаш Гоце Џуклески “Црешнобер оро” кое претставува една исклучително хармоничка мелодија.

Please follow and like us:
Pin Share