Влатко, Златко и Дамјан со плакета за рекордно најуспешна турнеја во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

Со рекорден број на концерти, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски ја заокружија нивната заедничка турнеја во Австралија. Сите концерти беа однапред распродадени, а се бараше и карта повеќе. Влатко гостуваше во студиото на ИН Продукција при што истакна дека импресиите од турнејата сеуште не стивнуваат.

Повторно ја освоија публиката во Австралија. По шест години пауза, Влатко и Златко остварија уште една повеќе од успешна турнеја во оваа далечна земја, овој пат во придружба на нивниот братучед Дамјан Стојаноски. Влатко при гостување во ИН ТВ, ги сподели импресиите од неодамнешната турнеја.

-Со оглед на тоа што навистина концертите беа преполни, скоро секаде се бараше карта плус. Овие работи би сакал да ги споделам со гледачите, стигнавме до рекорден број на концерти . Добивме и плакети за рекордно најуспешна турнеја, вкупно имавме 11 концерти и две приватни забави. Во Мелбурн првично беа закажани два или три концерти, многу брзо се распродадоа, па стигнавме до пет концерти само во Мелбурн и тоа сите продадени, крајно успешни. Нашите импресии се многу позитивни и се надевам дека оставивме и ние добар впечаток кај сите тие луѓе кои што присуствуваа на нашите концерти и дека по добро ќе не паметат.-раскажува Влатко, во емисијата “Наша сцена”.

Песните “Велат не нема” и “Тешко мина докторе”, дефинитивно ја одбележаа оваа нивна турнеја. Покрај овие песни, беа отпеани уште многу нивни хитови, но исклучиво од македонската ризница.

-Тие ни беа ударни песни, Велат не нема, а кај Дамјан беше Тешко мина докторе, на тие песни навистина имаше делириум, се пееа по неколку пати на секој концерт. Покрај тие секако поминаа и други наши песни како Мајко ќе одам Јабана, Кате Кате, Севдо, Жени ме мамо, Ај да ојме Јано, од Дамјан ги бараа Бојана, Клетва. Од нашиот вујко Војо Стојаноски и многу други македонски песни од нашите колеги. Концертите беа преплавени со убави македонски песни. Си поминавме прекрасно како на концертите, така и со дружбата помеѓу нас, со нашинците таму. Видовме многу луѓе, познати и непознати, запознавме многу нови луѓе. Навистина еден многу убав период во нашите животи што ќе го паметиме секогаш.-додава Влатко, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, концертите беа во организација на Австралиско-македонската младинска асоцијација Никола Карев и претседателот Ацо Петковски.

Please follow and like us:
Pin Share