Блаже Билбиловски со бројни работни ангажмани

Please follow and like us:
Pin Share

Станува збор за релативно млад музички талент кој посебно ја негува својата љубов кон саксафонот како инструмент, но и веќе ги прави своите први музички почетоци во соло кариерата. Блаже Билбиловски кој неодамна гостуваше во ИН продукција истакна дека е доста баран на бројните свирки во полошкиот крај, Гостивар и Тетово од каде што доаѓа.

-Настапуваме каде што сме поканети. Моментално немаме некое постојано место, но секој викенд сме со работни ангажмани. Сега малку повеќе сме оптеретени и со матурските прослави како и приватните свечености и свадби, па не можеме да се стационираме на некое место. Сепак сме барани и верувам дека дел од публиката и ме препознава затоа што имам свирено на доста приватни забави од секаков карактер, истакнува Блаже.

Тој неодамна ја промовираше новата песна која ја изработи прерао починатиот негов колега и другар Тоше Илиевски а Блаже ја отпеа со должна почит кон него. Инаку во периодов исто така подготвува и нова песна која како што открива ќе биде во латино поп стил.

Please follow and like us:
Pin Share