Група “Плетенка” наскоро со ново авторско ЦД

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна сработија нов видео-музички проект во живо во соработка со ИН продукција, а за многу брзо време најавуваат и други низа проекти. Ема и групата “Плетенка” се неуморни во своите постојани работни ангажмани.

-Следно на музички план е подготовка на новото ЦД, значи тоа е авторско на групата “Плетенка”. Сега за една недела, јас и мојот колега имаме уште две песни да снимиме и да го финишираме ЦД-то. Се надеваме дека наесен ќе излезе нашето ново ЦД за кое ќе следи и промоција, истакнува Ема, женскиот вокал од групата.

На новото ЦД предвидено е да бидат осум песни а ритамот на песните е свадбарски, како што додава Ема станува збор за повесели песни.

Неодамнешниот нов лајв видео музички проект кој го сработи групата “Плетенка” опфаќа свадбарски песни како и песни кои се доста барани и слушани на нивните настапи, а помеѓу другото се вметнати и две инструменталки кои исто така се со брз ритам.

Please follow and like us:
Pin Share