Слободен викенд за него, нема. Марјан Коцев при интервју за ИН ТВ истакна дека периодов е презафатен со ангажмани во Македонија. По есенскиот период, Марјан ќе отпатува за Шведска, а има најави за настап пред нашите македонци во Германија и Швајцарија.

Познатиот фолк пејач Марјан Коцев периодов е доста зафатен со настапи низ земјава. При неодамнешното интервју за ИН ТВ тој изјави дека нема слободен викенд, а така ќе биде до средината на месец октомври.
-Настапи има секој викенд, по една, две, три, но и четири свирки, зависи како, а слободен викенд и нема. Така е се до октомври, односно со средината на месец октомври, каде што тие три месеци ги чувам за концертите, нешто за Македонија, а нешто за настрана.-открива Марјан, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Покрај неговите настапи во земјава, секој слободен момент го користи да отпатува на кратки турнеи надвор од Македонија. Веќе е договорен настап во Гетебург-Шведска, а во преговори е за Германија и Швајцарија.
-На 30-ти ноември сега за сега е договорено во Гетебург, има најави за Германија, има и за Швајцарија. Секој еден слободен викенд мора да се одбележи со нешто.-вели познатиот пејач.
Инаку, Марјан периодов работи и на неговиот нов материјал. Тој најавува една прекрасна балада, но и неколку песни во побрз ритам.
