Харис Џиновиќ: Сопругата би можеле да ми ја „украдат“ и во соседството

Please follow and like us:
Pin Share

Популарниот пејач Харис Џиновиќ е во среќен брак со 29 години помладата дизајнерка Мелина Џиновиќ, која важи за убава и посакувана жена, но Харис тврди дека не го загрижува тоа што и’ се додворуваат голем број мажи.

Поради деловните обврски, Мелина често патува низ светот, среќавајќи се со славните личности, а пејачот тврди дека таа ги поседува сите квалитети што треба да ги има една сопруга и мајка, па така мажите можат само да се обидуваат да му ја „украдат“.

Таа не мора да замине на пат, неа можат и во соседството да ми ја украдат, тоа зависи исклучиво од неа. Засега, Мелина е една висококвалитетна и морална личност, која внимава на тоа да биде верна сопруга, добра мајка и добар пријател. Тоа се особините што ја красат, така што шансите се многу мали, речиси никакви, да тргне по тој пат, Џиновиќ вели за својата сопруга.

 

Please follow and like us:
Pin Share