Гоце Џуклески со ново музичко дело “Црешнобер оро”

Please follow and like us:
Pin Share

Големиот хармоникашки виртуоз, познатиот маестро Гоце Џуклески деновиве во соработка со ИН продукција сними нов видео запис за неговото ново инструментално дело на хармоника, “Црешнобер оро”. Музиката е комплетно дело на Гоце Џуклески а аранжманот на Димитар Лазарески.

Видео записот се снимаше на неколку локации во Охрид а станува збор за посебно весело инструментално дело, нешто по што е препознатлив маестро Џуклески.

Воедно тој оваа година, ќе одбележи 40 години од своето музичко творење, со настанот кој е имаенуван “Авторско-музичка вечер со Гоце Џуклески и неговите соработници”.

Според програмата на настанот кој ќе се одржи на 14 јуни во неговото родно Лескоец, предвидени се бројни музички дела како од самиот Гоце така и од неговите соработници, Мирко Вретоски, Кирил Белистојаноски, Милица Кузманоска, Ѓоко Дичоски, групата “Екстра бенд” од Битола, група “Охридски бисери” Охрид, Владимир Велковски и Мајкл Карадаковски, Марија Џуклеска, Сузана Спасовска како и Сашо Ливрински.

Љубовта кон музиката ка Гоце најверојатно се јавува за време на неговите студентски денови во Скопје, додека студирал на Факултетот за безбедност, тој станува активен членна Академското културно-уметничко друштво “Мирче Ацев”, со кое учевствува на бројни концерти и фстивали надвор од нашата земја. Од тогаш до денес има издадено голем број авторски дела, кде според стручната музичка јавност се одликува со изградена музичка перцепција и индивидуалност, со оригиналност и логичност во креирањето на музичката мисла.

Секако целиот негов труд е многупати наградуван, на бројните негови настапи и фестивали. Во моментов работи на подготовка на четвртото издание на книгата насловена “Македонски ороводни ноти” заедно со својот колега Сашо Ливрински. Во збирката ќе бидат поместени околу 60тина авторски ора на Гоце Џуклески, а со тоа неосмнено уште еднаш ќе се потврди оригиналноста во градењето на еден препознатлив сопствен музички израз, каде што доминира кристално чистата музичка мисла и интерпретација.

 

Please follow and like us:
Pin Share