По свадбените обврски Ташко продолжува со работните музички ангажмани

Please follow and like us:
Pin Share

Штотуку ја направија големта свадбена свеченост фолкерот Ташко Каранфиловски и неговата избраничка Мартина, веќе неговите работни ангажмани продолжуваат по стар тек. Како што истакнува Таше во периодов кој следува има полни раце работа.

-Имам доста свирки, доста свадби, крштевки. Почнуваат и манастирските прослави, доста сум застапен и во тие прослави, црковни. Има работа доста сега летниот период. Па после тоа ќе видиме, на трети заминуваме во Шведска , каде што имам јас неколку свирки, заедно ќе дојде и мојата избраничка Мартина. Шведска ни е како  втор дом, се чувствуваме прекрасно. Ни дојдоа доста гости од Шведска, премногу ми е мило. Исто така и од Австралија, од Канада, Данска и можам да кажам дека премногу сме благодарни и немам навистина зборови да опишам оваа прекрасна веселба, истакнува Ташко.

Помеѓу бројните настапи на Ташко како новитет е тоа што оваа година тој заедно со својот кум Благојче Стојаноски Туше за Новата година ќе оди во Австралија.

-Да, заедно ќе одиме во Австралија. Се надевам дека овој пат ќе добијам виза и се надевам дека ќе заминиме за Австралија. Ги поздравувам сите кои не гледаат таму и гарантираме дека ќе биде преубава забава. Ете како што е вечерва, се надевам дека ќе биде исто и за Нова година, додава Ташко.

Да напоменеме дека изминатиот викенд Ташко и Мартина направија голема свадба за паметење со околу 800 гости.

 

 

 

Please follow and like us:
Pin Share