Гоце Петрески: Стално верувам во креирање на нешто ново

Please follow and like us:
Pin Share

Музиката како жива материја трпи постојани промени и  модификации се со цел да се доведе во подобар звук пред публиката. Како што истакнува познатиот Гоце Петрески Бананата, постојано тоа се случува како кај нас така и во соседните земји. На прашањето колку музиката се модифицира или едноставно краде од соседството за да се дојде до финален производ Гоце одговара.

-Има, тоа го имало од секогаш. Го има и во соседниве земји, слушам доста од нашиве песни се превземаат таму. Јас стално верувам во креирање на нешто ново. Вистина е многу полесно да се сними нешто што е веќе направено, проверена формула. Нешто што е хит во друга земја, да се направи кај нас има поголеми шанси да биде тоа хит, но не гледам некој напредок во тоа. повеќе гледам напредок во нашава музика да се негува стилот, но да се креира нешто ново. На луѓето им треба нешто да слушнат што го немаат слушнато, а не нешто што го има на друго место. Убаво е да имаме некои стилови од други места ама се со мерка. Се што е претерано, не чини. Најглавното, мислам дека е да се креира нешто ново, истакнува Гоце.

Тој неодамна при неговиот краток престој во родната Македонија, ја промовираше неговата нова песна “Клеопатра”, а деновиве веќе се вртат и неговите преработки на легендарните хитови кои ги отпеа во 90-те години.

Please follow and like us:
Pin Share