Младиот Виктор Јошески деновиве во ИН продукција го промовираше своето прво музичко дело насловено “Кривогаштанско оро”. Овој голем инструменталист е посебен вљубеник во хармониката која ја сака и ја свири од својата триенаесета година.
-Пдготвив едно инструментално оро, според музика на професорот по музика Кирил Стојчевски. Снимено е во Прилеп во “Про саунд” студио кај Славко Ристески, истакнува Виктор.

Станува збор за брзо инструментално оро каде Виктор го отсвирува на својот професионален инструмент хармониката.
-Со свирење хармоника се занимавам тринаесет години од моја 13-та годишна возраст. Љубовта кон хармониката е од мојот татко, кој што ми даде добар пат, додава Виктор.
Како што истакнува Виктор и покрај тежината за изучување на хармониката како инструмент, сепак тоа за него не било никаква пречка да го совлада за денеска да може беспрекорно да свири и да твори на овој инструмент. Во следниот период Виктор најавува создавање и на нови инструментални дела. Инаку Виктор е член и на групата “Мелос” кои се постојани со свои настапи во прилепскиот регион но и пошироко.
