Од естраден уметник, човек кој ги задоволува луѓето со убава песна познатиот музичар Зоран Ванев постана доктор. На прашањето зошто се одлучи на ваков потег, Зоран одговара:

-Природна медицина, да. Повеќе години покрај музиката во Швајцарија работев како осигуреник на луѓе за здравствени осигурувања. Работев повеќе во таа бранша и работев со многу луѓе и многу здравствени проблеми,се случуваше навистина едно 70% од сите клиенти што ги осигурував имаа здравствени проблеми. Тоа не само здравствен проблем да го имаат година, две, три туку го имаа со години и никако не беа излечени, а јас љубовта кон мојата природна медицина ја имав уште како дете и сакав да биде на природни бази, така да се распрашав кој факултети приватни за медицина ги има во Швајцарија во Цирих и кој ќе бидат најинтересни за тоа што мене ме интересира, за таа комплетна програма. Најдов еден многу интересен пакет кој ги опфаќаше сите компоненти од природната медицина и сите компоненти од конвенционалната медицина. Студирав пет години од понеделник до недела, немав слободен ниеден ден. Од понеделник до петок ја изучував комплементарната медицина , саботата и неделата ја учев конвенционалната медицина, затоа што мораш да знаеш комплетно се, истакнува Зоран.
Зоран нема тајна за неговиот младешки изглед. Како што и самиот вели не се храни ниту многу здраво за да внимава на сето тоа. Притоа тој препорачува до сите дека, доколку организмот функционира добро не мора многу да внимаваат на се што јадат, додека пак спротивното би важело за останатите кои имаат осетлив организам. Пред се најважно е да се пронаоѓа време за самиот себе и да се посветиме самите на себеси, додава Зоран.
Тој неодамна бееше на кратка австралиска турнеја каде имаше одлични дружби и настапи со македонците од оваа дијаспора каде Зоран е еден од најпосакуваните пејачи.
