По “Карабиберим” ќе отпее уште една турска песна

Please follow and like us:
Pin Share

Познатата фолкерка и гајдаџика која се повеќе станува препознатлива во овој музички инструмент, Елена Јовческа има направено и препев на турска песна “Карабиберим” која одлично поминува на сите нејзини настапи а како што истакнува и таа самата, песната и е барана од страна на публиката каде што Елена пее.

-Песната поминува одлично, ја пеам и на нашите прослави. Планирам да испеам уште една турска песна. Имам еден предлог за една убава турска песна, ќе размислам но најверојатно ќе ја испеам. Тоа е исто така ново. За Нова година бев во Канада, таму си поминав одлично во Виндзор. За Стара Нова година бев во Италија и после толку време собрав сили и направив две убави песни, за која едната веќе си доби спот, а другата ќе си добие наскоро, истакнува Елена.

Елена открива и тоа дека буквално нема воопшто слободно време за својот приватен живот. Таа додава дека ниту дома нејзините не ја виделе. Ако се има предвид фактот со нејзините бројни настапи, констатацијата е речиси точна. Таа деновиве сними и спот за песната “Не ме допирај” која е со побрз ритам, малку поинаков од она што сме навикнале на досегашните музички стилови од Елена.

 

Please follow and like us:
Pin Share